top of page
Search

ЗАБАВА ДОМА-ИДЕИ,ИГРИ И АКТИВНОСТИ ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО

  • Writer: Nadia N
    Nadia N
  • Dec 2, 2019
  • 2 min read

Updated: Apr 4, 2020



Останувањето дома може лесно да стане пекол и за вас и за вашите деца. Светски психолози апелираат низ игра и забава да ги мотивирате вашите деца во период кога подолго време остануваат дома. Можеби ќе се изненадите кога ќе го откриете скриениот талент на вашето дете.



Работите од дома или барате решение како да се справите со темпераментноста и вишокот на енергија на вашето дете,ви недостасува инспирација?

Дали сакате да се одморите додека вашето дете е зафатено со помош на игри и забава?

Ние ви нудиме разни идеи со чија помош вашето најмило полесно ќе го троши вишокот на енергија и ќе спие полесно. Игри со чија помош ќе ја тестирате нивната интелигенција,ќе ги мотивирате да размислуваат и да се забавуваат во исто време.


ДЕТСКИ ХЕРБАРИУМ









Листовите од различни дрва и цветовите се секогаш интересно решение. Соберете паднати листови од различни видови дрва или цветови и оставете го да ги набљудува,а потоа со помош на листовите нека направи цртеж. Има повеќе начини за да се направи цртеж:може да ги залепите листовите на листови хартија или да ги обоите,па потоа да ги пресликате.


ЖИВОТИНСКО ЦАРСТВО






Соберете шишарки или било какви плодови и овозможете му на вашето дете да ја декорира својата соба. Направете ваша шума во која ќе има различни видови на животни и со помош на животните измислете ваша приказна со која ќе заспие вашето најмило.


МЕМОРИЈА


Нека вашето детенце биде тоа што ќе ги креира картите за социјалната игра Меморија. Потребни ви се картон,ножички и боички-нека идеите заиграат. Преку оваа игра може да ги учите броевите,буквите,боите,формите,животните…

Сонот на секој родител е да има среќно дете. Бидете токму вие што ќе ја разбудите среќата во нивните очи додека не се во состојба да излезат надвор.


За повеќе слични активности следете не на :
 
 
 

Comments


Join our mailing list

Thanks for submitting!

  • Facebook Black Round
  • Twitter Black Round

© 2023 by Parenting Blog

Proudly created with Wix.com

500 Terry Francois St. San Francisco, CA 94158

info@mysite.com

Tel: 123-456-7890

Fax: 123-456-7890

bottom of page