КАМПУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ДЕЧИЊА ДОМА
- Nadia N
- Dec 2, 2019
- 1 min read
Updated: Apr 4, 2020
Активност која секогаш е добредојдена и премногу интересна

Вашите дечиња се премногу долго дома и немаат допир со надворешниот свет? Направете им бајка во која со сигурност ќе се забавуваат додека вие уживате во вашето кафе и вашата книга или филм.

Секое дете сака свое катче. Оваа е една од најзабавните и најдолготрајните игри за деца. Дозволете им самите да си конструираат шатор и да ја користат сопствената имагнација. Вие може да ги насочите на соодветен простор како маса,столеви и материјал кои би го искористиле. Кампот ќе го користат и повеќе денови каде може да извршуваат повеќе различни активности во текот на денот. Доколку имате било какви новогодишни светулки,сега е моментот да се искористат на право место и во вистинско време,така дечињата ќе може да се забавуваат и навечер. За добра ноќ,наместо во кревет,раскажете им приказна во шаторот каде со рацете ќе може да имитирате животни доколку користите бела површина за покривање на шаторот.


За повеќе слични активности следете не на :
Comments