ЛЕСНИ,НО ПОУЧНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА
- Nadia N
- Dec 2, 2019
- 1 min read
Updated: Apr 4, 2020
Децата се родени научници!

Тие секогаш експериментираат со нешто,без разлика дали ќе фрлат тањир со шпагети на земјата или ќе прават меурчиња во водата додека ги бањате или прват кула од коцки само за да со еден удар ја уништат.
Покажете им едно ново непознато искуство.
Воведете ги во светот на науката,одземете го нивното внимание и научете ги нешто повеќе. За да им биде поинтересно, облечете и некоја ваша стара бела кошула и очила за под вода.
Повелете неколку лесни, но интересни експерименти за вашите најмили.
ХЕМИСКА ЕРУПЦИЈА ВО ВАШАТА УСТА
Потребно ви е еден портокал и голема лажичка сода. Излупете го и исечете го портокалот на парчиња. Ставете парче од портокалот во содата пред да го ставите во усната празнина. Како ќе џвакате,така ќе се прават меурчиња во вашата уста. Кога киселините и базите се мешаат,добивате возбудлива хемија.
МЛЕЧНА УМЕТНОСТ
Потребно ви е : ½ чаша млеко,сјај за садови,чепкалка за заби,бои за храна(повеќе од една боја)
Ставете го млекото во сад и бидете внимателни воопшто да не го поместувате садот со млеко. Ставете по една капка боја за храна на различни места. На чепкалката за заби нанесете мала количина од сјајот,а потоа допирајте ја на боите.
НЕВРЕМЕ ВО ЧАША
Потребно ви е: пена за бричење,голема стаклена чаша,вода,боја за храна и лажица.
Наполнете ја чашата до половина со вода и додадете пена за бричење врз водата и нежно разредете ја пената со прстите да биде рамна. Во посебен сад промешајте вода и боја за готвење и внимателно додавајте ја смесата врз пената за бричење лажица по лажица и бидете спремни за невреме.
За слични активности следете не на: https://www.facebook.com/Vo-Zemjata-Na-Cudata-106375274189955/
Comentarios